Категории

МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АСАФ АДЕМИ ВО ПОСЕТА НА НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА СКОПЈЕ

Министерот за култура Асаф Адеми беше во посета на НУ Театар Комедија. Тој вчеравечер присуствуваше на изведбата на претставата Дони Дарк, која ја третира тематика за лицата со попреченост.

На оваа изведба НУ Театар Комедија доби благодарница за посветеноста кон целосната инклузија на лицата со попреченост и прекрасната можност за подигање на свеста за слепите лица кои се дел од нашето општество.

Претставата Дони Дарк ги собира наградите на сите фестивали каде учествува а во неа играат: Дарјан Петров, Мирјана Ристов, Магдалена Ризова и Сашо Ристовски, а е во режија на Роберт Ристов. Претставата се игра на малата сцена.

На изведбата на претставата покрај министерот Адеми присуствуваше и советничката на премиерот за култура Цветанка Ласкова.

После претставата поразговаавме со директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски, кој истакна:
„Особена чест и задоволство ни преставува посетата на министерот Адаф Адеми и советничката Цветанка Ласкова. Оваа вечер честа за нас беше голема бидејќи беа на изведбата на претставата Дони Дарк каде што Театар Комедија се закити со многу значајна благодарница. После преставата имавме разговор заедно со министерот Асаф Адеми на кој добивме целосна подршка во работењето на Театар Комедија и за реализација на идните проекти. Уште еднаш сум благодарен на министерот за сета поддршка која ја дава на нашата институција.“

Имено, претставата „Дони Дарк“ е романтична комедија, која ја опфаќа процесот на осамостојување со кој се соочуваат сите млади луѓе, улогите кои ги имаат родителите и опкружувањето во тој процес. Претставата говори за тема која блиска за многумина, прикажувајќи ги емотивните фази низ кои поминуваат младите лица, а овојпат таа е поизразито претставена бидејќи во фокусот ја има приказната за слепо младо момче.

Говорејќи за животот на луѓето со посебни потреби, претставата ја отвара темата за нивните права и за социјализацијата во општството, испраќајќи ја пораката дека треба да бидат еднакво третирани, а не сожалувани. Моќната порака која ја испраќа преставата и нејзината важност за подигнување на јавната свест е препознаена од општеството, па не изненадуваат нејзините бројни награди и признанија.