Категории

Митови за пријателството во кои не треба да веруваме!

Пријателството е како билка која се негува со многу љубов и која бара многу труд, но има и  пријателства кои не се вредни за тоа. Иако секој од нас пријателите ги доживува на свој начин, постојат некои митови за пријателството во кои не треба да веруваме.

  • Што повеќе тоа подобро

Голема заблуда е дека ни се потребни многу пријатели, еден вистински пријател вреди повеќе од 10 пријатели кои не се вистински. Квалитетот е важен, а не квантитетот.

  • Пријателствата траат вечно

Секако дека има пријателства кои траат до крајот на животот, но тоа дефинитивно не важи за сите пријателства. Некои порано или подоцна ќе се одалечат од нас и ќе заминат по својот пат. Важно е ни едно пријателство да не заврши со кавга и да се негуваат убави спомени за сите пријатели кои сме ги имале низ животот.

  • Не постои пријателство помеѓу маж и жена

Можеби се поретки случаите кога успеваат овие пријателства, но сепак ги има, а ако ова пријателство е навистина искрено- тоа е најцврстото пријателство.

  • Добрите пријатели се секогаш тука

Човекот греши. Нашите пријатели може да имаат денови кога не се расположени да го слушаат нашето жалење за секојдневни работи. Од друга страна, ако тоа се случува навистина често- се работи за личност на која вашето пријателство не и е важно.

Прегледи:
553
Објавено на:
04.05.2019