Категории

Митови за разводот во кои треба да престанете да верувате

Ви ги претставуваме најчестите заблуди за разводот во кои многумина сè уште веруваат. Ве молиме имајте предвид дека не сите статистики се толку црни како што претходно мислевме.

Митот дека 50% од браковите пропаѓаат е застарена информација, која била актуелна пред 40 години. Истражувањата покажаа дека во 1990-тите, 70% од браковите биле успешни, а денес, бидејќи луѓето подоцна се венчаат, носат позрели одлуки. Оттука и помалиот процент на разводи, се согласуваат експертите.

Разводот и влијанието врз децата
Според истражувањата, разводот може да биде стресен за децата, но не може да им наштети или да влијае на нивниот понатамошен психолошки развој, ниту ни приближно негативно како да продолжиле да живеат со двајцата родители кои постојано се караат. Бројни истражувања покажаа дека на децата им е потребна стабилна и мирна средина, без разлика дали родителите живеат заедно или не. Клучно е родителите да се согласат и да бидат присутни во животот на нивните деца, без разлика на разводот.

Разводот е неуспех
Многу луѓе, по разводот, водат посреќен и поздрав живот. Затоа, разводот во никој случај не е неуспех во повеќето ситуации.

Заедничкиот живот пред брак ги намалува шансите за развод
Студија од 2014 година на Универзитетот во Јужна Каролина покажа дека кога партнерите живеат заедно пред бракот, тоа не влијае на квалитетот на самиот брачен живот. Што значи дека овој чекор, пред свадбата, не обезбедува долгорочен брак.

Неверство и развод
Спротивно на мислењето на многу луѓе, неверството не е најчеста причина за развод. Има многу парови кои останале во брак и покрај изневерувањето.

Незадоволство
Бракот не е секогаш лесен. Понекогаш бара многу енергија, разбирање и комуникација. Ако сме незадоволни од некој сегмент од бракот, тоа не значи дека разводот е неизбежен, ниту дека е невозможно партнерот и вие да поработите на сегментот од кој сте незадоволни за да го поправите.

Прегледи:
646
Објавено на:
19.02.2022