Публиката во салата „Борис Трајковски“ во Скопје синоќа на нозе му аплаудираше на 12-годишниот Марко Пејчиновски од Охрид кој доби „Златна бубамара“ за спортски подвиг.
Минатата година Марко направи вистински подвиг и со инфаркт на нозете исплива 30 километри во водите на Охридското Езеро, со што стана и најмладиот маратонец на кој тоа му успеа.
– Догодина имам нова цел. Ќе пливам за децата со ретки болести. Со ваша помош ќе успеам, порача Марко од сцената.
Манифестацијата „Златна бубамара“ е една од најпопуларните забавни манифестации во државата и е во организација на Радио Бубамара од Скопје.