Категории

Младиот и талентиран дизајнер Richard Quinn ја доби наградата Queen Elizabeth II Award, и тоа лично од Кралицата

Richard Quinn е добитникот на првата наградата која го носи името на Кралицата, Queen Elizabeth II Award, а покрај честа да ја добие ова награда, тој ја имаше честа да му биде доделена лично од Кралицата. 

Првото појавување на Кралицата на модната недела во Лондон беше вистинско изненадување, но фактот дека во првиот ред имаше едно различно столче со плишано перниче на него, им навестуваше на гостите дека ќе има ВИП гостин.

Кога влезе нејзиното височество, сите гости ја пречекаа станати, а таа покрај уредничката на Вог Сара Моувер, Каролина Раш и Анџела Кели, му ја додели на дизајнерот наградата која се доделува на нови британски дизајнери кои придонеле со исклучителен талент и оригиналност.

Наградата која беше доделена е во форма на роза, дизајнирана од Angela Kelly, која и служи на Кралицата како личен асистен и сениор аранжер од 2002 година. Ова е инаку втора колекција на младиот дизајнер, кој магистрирал во 2016 на Central Saint Martins. Неговиоте восхитувачки цветни дизајни оставија силен впечаток, а воедно беа соодветно надополнување на неповторливиот стил на Кралицата.

Кралицата се заблагодари на Британскиот моден совет за номинацијата на Quinn, велејќи „Од твидот на Hebrides од чипката на Nottingham, и секако Carnaby Street, нашата модна индустрија веќе многу години е позната по извонредните изработки и продолжува да произведува текстил од светска класа и најсовремени модни дизајни.“

Кралицата ја опиша наградата „во чест на индустријата и моето наследство и сите оние кои придонесоа за британската мода“ таа се доделува прв пат, но ќе стане традиција и секогаш ќе се доделува од член на кралското семејство. 

 

Прегледи:
347
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
21.02.2018