Категории

Модели на патики кои ќе бидат најпопуларни за време на престојната есен!

Веќе имавме можност да видиме дека многу трендсетерки почнаа да ги носат, па затоа оваа сезона ќе бидат актуелни.

Продавниците веќе ги ставија сандалите и чевлите на најновите флаери со попуст, а ги истакнаа најубавите есенски модели во преден план.

За елегантни и опуштени комбинации, патиките се секогаш добра идеја. Меѓу нив се истакнаа два модела патики кои ќе бидат најпопуларни!

1. „Animal print“

Популарноста на познатиот животински дизајн не се намали, од сандали, чевли и летни фустани преминаа на патики! Најмногу ќе се носи елегантен модел на бела патика со детали покриени со дизајн од леопард, змија или зебра.

2. Голем ѓон и многу бои

Кај „секојдневните“ модели на патики продолжува да доминира големиот ѓон, кој одозгора ќе носи цела палета бои, што пошарено, толку помодерно ќе биде оваа сезона. Дури и комбинациите на бои, кои инаку се сметаат за некомпатибилни, стапуваат во игра.

Прегледи:
833
Објавено на:
24.08.2019