Категории

Модерни, независни женски уметници за кои треба повеќе да се зборува

Жените во уметноста се имаат истакнато особено многу во последните 20-тина години (како и во другите области), но, сепак, се’ уште не доволно.

Според информации од Artnet, дури и денес, женските уметници опфаќаат само 2% од уметничкиот пазар. Многу институции и уметнички куќи се’ уште наголемо псклучуваат договори само со машки уметници. За среќа, има многу начини на кои можеме да ги откриеме женските уметници –  барем денес, со интернетот, тоа е можно.

Погледнете го нашиот избор на женски уметници за кои треба повеќе да се зборува.

SOOSH

Самоуката илустраторка Soosh има импресивен број на следбеници на Инстаграм. Таа прави сентиментални илустрации од себеси и своето семејство.

AMY HAMILTON

Канадската дизајнерка и илустраторка Amy Hamilton е инспирирана од надворешниот свет. Таа меша дигитални и традиционални медиуми како графит, гуаш и мастило, за да креира прекрасни слики од животни и див свет.

NINA PAPIOREK

СпецијаSpecializing in landscapes and cityscapes, photographer Nina Papiorek специјализира во пејзажи и градски пејзажи, и примарно работи во црно-бело. Нејзините прекрасни контрасти и линии прават прекрасни естетски композиции.

OLGA SHVARTSUR

Known for her portraits, Seattle-based artist Olga Shvartsur од Сиетл е позната по своите портрети, но исто така почна да експериментира со цдруги стилови. Особено ѝ се убави апстрактните слики со алкохолно мастило, кои имаат нежни и деликатни слоеви боја.

ANKA ZHURAVLEVA

Руската фотографка и сликарка Anka Zhuravleva моментално живее во Португалија, каде што создава надреални фантастични дела. Нејзините дела се инспирирани од класична уметност и имаат силен наратив.

ANNA ROSE BAIN

Anna Rose Bain  слика со маслени бои и ги „меша“ делата со нејзини лични искуства. Често црта жени и деца во моменти на поврзување, радост и интимност.

BEVERLY BROWN

Beverly Brown од Њу Јорк многу години работела како фотограф, а потоа го заменила фотоапаратот со четки. Таа е стравствена за водени бои, и често го доловува магичниот здив на Њу Јорк во делата.

Прегледи:
690
Категории:
Уметност
Објавено на:
05.10.2020