Со доаѓањето на ново годишно време секогаш се присетуваме дека е потребно да се направи промена во плакарот и притоа некои парчиња да го отстапат своите место за нови модни трендови.
Со цел да ве осигураме дека одредени парчиња се едноставно безвременски ви споделуваме кои од нив никако не смеете да ги отстраните од вашиот плакар, затоа што без разлика на трендовите тие секогаш ќе останат клучни во повеќето комбинации.
Vintage маици
Сигурно секој поседува барем една маица со својот омилен бенд за која некогаш помислува дека е бесмислено да стои во плакарот, но како што неодамна трендовите на маици со слогани повторно се вратија на модната сцена така и овие маици ќе посакате повторно да ги облечете.
Омилените фармерки
Секој поседува свој омилен пар на фармерки во кои се чувствува најубаво затоа никако не се ослободувајте од нив додека не пронајдете нов модел кој ќе го прогласите за ваш омилен.
Кожна јакна
Квалитетната кожна јакна нема рок на траење и таа никогаш не би смеела да заврши во отпад.
Парчиња купени на патувања
Доколку имате тенденција да купувате парчиња облека кога патувате некаде тогаш тие се навистина посебен дел од гардеробата кој мора да има посебно место во неа. Дури и иако не ги носите едноставно тие секогаш ќе бидат тука да ви будат убави спомени на кои драго ќе се сеќавате.
Мал црн фустан
Доколку во вашиот плакар поседувате “мал црн фустан” по кој посргнувате секогаш кога не знаете што да облечете, тогаш треба да го чувате како богатство. Се додека не наидете на нов модел чувајте го за итни случаеви, никогаш нема да знаете кога ќе ви притреба.