Денес Тоше би наполнил 39 години. Нѐ напушти на трагичен начин пред 13 години.
Од надворешна страна неверојатна популарност и слава, од внатрешна страна крик од длабочината. Доказ дека успесите сами по себе немаат моќ да ги исполнат најдлабоките човекови потреби.
Кога пееше Тоше за навиките стари во него, сигурно знаел за кои навики станува збор, а кои влијаеле врз тоа неговиот живот да биде уморна приказна со скинати страници.
Тоше остави белег кој никогаш нема да биде избришан, песни кои никогаш нема да престанат да се пејат, а хуманост на која секој може да се восхитува. Тој правеше сѐ искрено, од срце, со голема верба во Бога. Денес, ни останува само да се присетуваме на сите прекрасни моменти кога не правеше да се чувствуваме горди што токму кај нас се роди една таква ѕвезда која иако прерано замина, засекогаш ќе остане во нашите срца.