Категории

Моќен напиток кој ве подмладува, а се приготвува за само една минута! (РЕЦЕПТ)

Овој рецепт за моќно фрапе кој благодарние на незаменливите антиоксиданси е одличен оброк против стареење. За неговата подготовка ви е потребна една минута, а една чаша од ова фрапе ќе ги разубеди сите оние кои мислат дека за хранлив оброк е потребна преполна чинија со храна во спротивното.

Потребни состојки:

  • шолја суви сливи
  • 3/4 шолја свежи или замрзнати боровинки
  • 2 лажички мелено ленено семе
  • содржината од една капсула рибино масло
  • 2 лажички сурутка
  • лажичка квасец во прав

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер. Ставите и коцки лед. Нивната количина зависи од тоа колку сакате да биде густо фрапето. По желба засладете го со малку мед. Изматете ги состојките, ставете го фрапето во чаша и уживајте во напитокот на младоста.

Прегледи:
460
Објавено на:
19.06.2018