Категории

Моќта на благодарноста: 4 корисни совети

Да бидете благодарни за нештата што ги имате е најбрзиот и најлесниот начин за подобрување на Вашето расположение. На тој начин Вашата мотивација се искачува на повисока скала, а веќе на следната скала Ви се смешка посреќниот живот.

Да, тајната е во искажувањето на Вашата благодарност, а тоа можете да го постигнете правејќи го следново:

1. Направете пауза и погледнете околу Вас.

Првиот наједноставен чекор е да паузирате, да погледнете околу Вас и да си поставите две прашања:

  • Кои се двете нешта за кои треба да бидам благодарен/на денес?
  • Кои се двете личности за кои треба да бидам благодарен/на што се присутни во мојот живот?

2. Искажете ја Вашата благодарност.

Не запирајте со тоа што ќе се запрашате кои се двете личности за кои треба да бидете благодарни. Одвојте неколку минути за да им ја оддадете Вашата благодарност. Искажувајќи им ја Вашата благодарност, Вие ќе придонесете за разубавување на нивниот живот, ќе видите насмевка на нивните лица, а тие насмевки ќе придонесат и за Вашата лична среќа.

Искажувањето на Вашата благодарност можеби ќе биде само една реченица, но таа мала реченица може да има големо влијание врз нечиј живот.

3. Свртете се кон себе.

Не се важни само другите работи и другите луѓе, она што треба да си го ставите во глава е дека и Вие имате огромна вредност. Запрашајте се себеси:

  • Кои се двете нешта за коишто можам да бидам благодарен/на за себе?

Одговорот на ова прашање може да биде дека сте биле добар брат/сестра во текот на некој тежок период или пак конечно сте завршиле некоја здодевна работа којашто сте ја одложувале. Вашата самоблагодарност не мора да биде поврзана со Вашите достигнувања. Едноставно можете да бидете благодарни за тоа што имате добра смисла за хумор.

4. Започнете го или завршете го денот со искажување благодарност.

Нека искажувањето благодарност Ви стане навика без разлика дали на почетокот или на крајот на денот. Издвојувајте си нешта за коишто сте и треба да бидете благодарни и Видете какво влијание ќе има тоа врз Вашиот живот.

Заблагодарувајте се и радувајте се!

 

Прегледи:
298
Објавено на:
24.11.2022