Универзитетот Американ Колеџ Скопје целосно ја почитува својата мисија да понуди врвно образование, како комбинација од најдобрите вредности на европскиот и американскиот систем. Соочен со најголемиот предизвик на денешницата, пандемијата Covid-19, тимот на УАКС ги презеде сите потребни мерки за што поуспешна и побезбедна настава во новата учебна година.
Познат по својата моќ на прилагодување, УАКС и овојпат целосно се адаптира и за своите студенти, професори и вработени нуди опција со која го минимизира ризикот од ширење на вирусот. За таа цел, Универзитетот ги претстави своите мерки и преку
видеоанимација, достапна на следниот линк.
I. Хибридна настава за дел од групите на УАКС
Ревидираниот и усовршен концепт за хибридна настава подразбира:
Настава со физичко присуство, но со ½ од капацитетот на предавалните;
Ротирање на студентите – предавална / онлајн, на секои 14 дена;
Активно учество на сите студенти во наставата – преку најсовремена видеоконференциска опрема инсталирана во предавалните;
Сите предавални се редизајнирани со цел да се овозможи физичка дистанца меѓу студентите, но и свеж воздух, за оптимална средина за учење.
II. Целосна онлајн настава за дел од групите на УАКС
Дел од групите, пред сѐ наставата на квантитативните предмети и наставата на програмерските предмети, целосно ќе се изведува онлајн;
Притоа, ќе се применува платформата Webex на Cisco, како врвен видеоконференциски софтвер.
III. Настава со физичко присуство за вежби
Дел од наставата на задолжителните вежби ќе се одвива на Универзитетот во мали групи.
IV. Распоред на часови и Академски календар
За успешно спроведување на горенаведеното, УАКС направи и дополнителни прилагодувања:
Скратување на часовите и нивно спојување во блокови;
Организирање на физичката настава на Универзитетот во смени од 9, 11, 13 и 15 часот, со што се намалува фреквенцијата на студенти на Универзитетот;
Академскиот календар е конципиран на начин кој обезбедува поголема зимска пауза, со цел да се избегне настава во месеците во кои сезонските инфекции се најчести.
На овој начин УАКС смета дека ќе се постигне успешен компромис помеѓу врвниот
квалитет на образованието и здравствената безбедност на студентите.