Категории

Моќта на зборот „НЕ“ – Зошто не треба да се плашите да го изговорите

Ништо не може да ни го уништи животот како кога велиме Да, а всушност мислиме Не.

„НЕ“ е толку важно што би требало да се воведи во учебниците. Голем број луѓе го поминуваат целиот свој живот без да научат да кажат Не. Затоа што им е непријатно. Затоа што не сакаат да ги повредат другите. Затоа што се плашат дека ќе бидат отфрлени. Затоа што добрите луѓе секогаш помагаат, секогаш имаат време и секогаш се тука.

Како едно толку едноставно нешто може да биде толку тешко? Може. Од друга страна мора да се признае дека нити Да не е толку лесно колку што изгледа. Да умее да го остави човек исцрпен, затоа што Да е потреба да му се угоди на другите и да се биде тука по секоја цена.

„Често искажуваното Да може да направи да се чувствувате дека немате контрола врз вашето сопствено време, дека вашето време не ви припаѓа вам. Зошто е е толку важно да научите да кажувате Не, дури и кога тоа ви паѓа тешко?“

Затоа што денот не трае бесконечно и за жал има само 24 часа. И сигурно имате приоритети, нешта кои ви се вистински важни во животот. Поставете граници. Не дозволувајте сите да го грабаат вашето време кога ќе посакаат. Кажете Не!

-Не, не планиравме да пиеме кафе, дури ни само затоа што сте дошле во близина.
-Не, сега навистина не ми се оди никаде, повеќе би сакал да остнам дома.
-Не, не можам да ти помогнам околу презентацијата затоа што планирав нешто друго.
-Не, не сакам да го гледам тој филм. Не, не сакам бело вино. Не, не ми се допаѓа тој фустан.

„Не не е во согласност со впечатокот кој сакате да го оставите, а јасно е дека сите сакаме да бидеме допадливи. Сите сакаме да бидеме добри луѓе. НЕ може да во одведе во конфликт, и што сега?“

Дали е тоа најлошото нешто кое може да ви се случи? Сигурно дека не.
НЕ не значи дека не сте воспитани. Не значи ни дека не се сложувате. НЕ не значи дека сте лош човек.

НЕ значи да, како и сите останати, имате нешта за кои се грижите. Имате семејство, се имате себеси. Имате свое слободно време, здравје, приоритети.

Морате да бидете директни и не смеете да одложувате. НЕ се вели веднаш, јасно и гласно.

Прегледи:
484
Објавено на:
28.05.2020