Категории

Моника Белучи (57): Не се оптеретувам, отсекогаш сум била жена со облини!

Славната италијанска актерка Моника Белучи (57) нема страв од стареење и промени во својот изглед. Всушност, таа ја прифаќа реалноста дека тоа е природен процес.

„Постојат толку жени кои се чувствуваат слободно да стареат на поинаков начин“, изјавила Моника во новото интервју за магазинот Sunday Times Style.

Таа не крие дека обожава вино и тестенини, а избегнува ригорозни тренинзи и строги диети. Повремено практикува пилатес.

„Не се оптеретувам. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш многу слаба, таква сум природно. И сакам да остарам на мирен начин. Кога имаш 50 или 6о години немаш исти потреби како кога имаш 20. Се менуваш, како кога добиваш дете. Прво него го гледаш, а ти доаѓаш на второ место. Тоа ни дава поинаква перспектива“, вели Моника.

Моника на процесот на стареење гледа како на многу конкретно нешто.

„Постојат многу различни моменти во животот. Кога си многу млад, имаш она што во Франција се нарекува – ѓаволска убавина, која е сосема природна. Тоа е убавина на младоста, убавина на биолошкиот момент во твојот живот. Но, животот оди понатаму. Старееме и мора да се помириме со тоа. Тука не може ништо да направиме. Но, во исто време имаме среќа бидејќи ако остариме значи дека имаме долг живот. Како старее телото, душата расте.“

Прегледи:
625
Објавено на:
08.12.2021