Категории

Моника Белучи и во тренерки изледа елегантно! (ФОТО)

Таа е нашиот вечен пример кога станува збор за став, појава, држење и стил. Моника и на 54 години изгледа како тинејџерка, а ни кога шета на плажа во наједноставна комбинација не може да пројде незабележано.

Во текот на велигденските празници италијанската актерка се упати на морките брегови недалеку од Рим, каде што беше гостинка на својот долгогодишен пријател Џовани Малага, претседател на италијанската олимписка асоцијација.

Токму со него Моника е забележана на една плажа, на која шетала босонога во опуштено издание, но ништо помалку грациозна и елегантна од обично.

Актерката искомбинирала долен дел од црна тренерка со дуксер во розова боја, кој ја следи линијата на телото и се одликува со едноставен, но сепак впечатлив крој. Со пуштена коса и големи црни очила го заокружила овој спортски аутфит.