Категории

Мотивирачки мисли кои секој треба да ги прочита

Во моменти кога самодовербата ни е на најниско ниво, кога се чини дека успехот е недостижен, да се присетиме на неколку важни факти кои мотивираат и даваат насока кога сме изгубени. Потребата да ве сожалуваат никогаш не е решение на проблемите, па затоа започнете уште денес, без исклучоци.

„Ќе научите многу важни нешта од своите грешки тогаш кога ќе престанете да ги негирате“.
„Доколку ја барате личноста која ќе ви го промени животот, погледнете се во огледало“.

„Доколку не го остварите сопствениот сон, некој друг ќе ве најми да помогнете во остварување на неговиот“.

„Кога градите во тишина, нема да знаат каде да напаѓаат“.

„Доколку сакате да бидете силни, научете како да се борите самостојно“.

„За се што ви се случило, можете да изберете да се сожалувате или пак да го прифатите тоа како подарок“.

„Во овој свет има доволно љубов за секој од нас. Се што треба да направите е да ја барате вашата љубов“.

„Најголемото задоволство во животот е да го постигнете она за кое што другите ви велат дека не можете“.

„Одличен став предизвикува одлично расположение,
одличното расположение подразбира одличен ден,
одличниот ден прераснува во одлична година,
одличната година прераснува во одличен живот“.

Не дозволувајте да ја живеете истата година, 75 пати и тоа да го наречете живот.

„Доколку посакувате нешто кое што никогаш сте го немале, тогаш треба да направите нешто кое што никогаш не сте направиле“.

„Светот се менува со пример, не со искажување на мислење“.

„Тогаш кога гасеницата помисли дека се е готово, се претвори во пеперутка“.

„Најсилните луѓе не се оние кои ја покажуваат својата сила, туку оние кои водат битки за кои не знае никој од нас“.

Прегледи:
1061
Објавено на:
07.12.2017