Категории

Мозаични јајца – многу лесно и едноставно до интересна декорација

Многу лесно можете да направите мозаичен изглед на јајцата, потребни ви се неколку нешта, а чекорите се брзи и лесни. 

Потребно ви е:

  • тврдо варени јајца во парен број
  • боја за јајца 
  • лепак
  • четкичка

Целата постапка се состои од лушпата од фарбаното јајце да се искрши и остатоците се лепат на јајцето кое не е исфарбано, секако може и обратно, на исфарбано јајце да се залепат лушпи од бело јајце.

Го кршите јајцето, притоа внимателно ги редите остатоците, како би ви било полесно да ги составите и да ги залепите на другото јајце.

Внимателно до мала четка нанесувате од лепилото и притоа ги редите парчињата лушпа, како би го добиле мозаичниот изглед.