Категории

Мрачна елеганција во новата колекција венчаници на Vera Wang

Пред неколку месеци прочуената дизајнерка Vera Wang ја пренасочи својата работа кон бохо и секси стилот – сето тоа претставено како игра со транспарентност и елегантна нота во кроевите. Со нејзини зборови новиот стил е “луда невиност, модерна заводливост и богатство во асиметријата”.

За новата есенска сезона 2018, дизајнерката е спремна да се врати на своите корени. “Верувам дека денешните девојки се подготвени да се навратат на класиката, постои желба за нешто едноставно. Не мора да биде исклучиво традиционално, туку скромно и суптилно”, изјави Vera Wang.

Оваа сезона ќе бидат претставени венчаници како балски фустани, модерна интерпретација на Грејс Кели како што вели таа. Иако нејзиниот стил се базира на традиционалното, венчаниците ни малку не делуваат ‘обично’ и очекувано. Тие се моќни, сензуални, и со доза мистериозност.

Погледнете како изгледа новата колекција..

Прегледи:
501
Објавено на:
08.10.2017