Категории

Мудра приказна со длабока порака: „И ова ќе помине!“

Мудра приказна со длабока и силна поука.

Во една кинеска провинција живеел сиромашен кинез кој целиот живот ги работел најтешките работи но не стекнал ништо. Се што имал бил неговиот син единец кој неизмерно го сакал. Го научил да чита и пишува а исто така понал да го подучува и калиграфија.

Пред да му се предаде на Бога, таткото извадил две кутивчиња, една црна а другата бела и му рекол на својот син:
„За жал, немам ништо друго што да ти оставам, освен ова. Добро чувај ги. Кога ќе ти биде тешко, толку тешко што нема да можеш повеќе да издржиш, отвори ја белата кутија. А црната отвори ја тогаш кога ќе ти е многу добро.“

Младиот син достојно го испратил својот татко а потоа ги спакувал своите работи, лажица, стапчиња, памучна кошула и овие две кутивчиња и тргнал по светот. Работел најтешки работи, спиел под ведро небо, бил мачен и изморен. Станал несреќен и очаен. Стекнал само длабоки брчки на лицето и лузни на рацете за една лажица ориз дневно.

Тогаш дошле огромни поплави, реките се излиле и ги поплавиле полињата, настанал глад и за младото момче повеќе немало работа. Лутат беспомошно, спиел по шумите, го печело сонцето и го прекривале мразовите.

Една ноќ некој му ја украл лажицата за ориз, памучната кошула и двата гроша кои му останале. Ја изгубил сета надеж и одлучил да се убие. Ги склопил дланките и побарал прошка од небото, и додека ги спуштал на своето тело, допрел малечка бовча во работ на појасот – двете кутивчиња кои му ги остави татко му.

Ја отворил белата.
Во неа се наоѓало парче хартија на кое била испишана порака со татковиот ракопис.

„И ова ќе помине!“

Ја сфатил пораката. Не кренал рака на себеси туку се упатил кон ближниот град на чиј влез стоела колона од селани. Не можеле да влезат затоа што никој не умеел да прочита што пишело на вратата. Момчето се приближило до неа и прочитало гласно па сите поминале, заедно со него.
Поминал неколку денови по градските пазари а потоа го побарал еден мал стар кинез. Неговиот господар му рекол дека итно му е потребен писар а тој чул од селаните кои неодамна пристигнале во градот дека момчето знаело да чита.

Добил работа кај племенскиот старешина. Работел тешко но со чист срце. Набрзо почнале да доаѓаат селани на кои им било потребно да им биде нешто напишано или прочитано. На сите им излегувал во пресрет. Градскиот старешина бил строг но праведен човек и знаел да го награди својот писар,а набргу му отстапил место и во својата куќа.

Се се променило. Во годините кои доаѓале, станал газда на мал имот, стекнал материјално богатство а стариот и изнемоштен старешина му ги поверил своите работи а и својата ќерка за жена.

Заеднов во љубов и слога, тие двајцата имале многу деца и го зголемиле своето богатство до големи размери. Многу вечери поминувал испивајќи чај во ладните простории од својот дом, разговарајќи со својата сакана госпоѓа, подучувајќи ги своите синови за калиграфијата, читајќи ги големите мудреци и бил неизмерно среќен.

Една квечерина, размислувал за својот живот. Се присетил на сите свои очајувања, на желбата која ја имал да умре, па се присетил на својот татко. Се сетил и на другата кутија која му ја оставил..

Црната кутија. Ја отворил а во неа било завиткано парче хартија. Кога го одвиткал на него била испишана порака со татковиот ракопис

„И ова ќе помине!“

Прегледи:
591
Објавено на:
15.09.2021