Категории

Мудрата приказна за двата гулаби крие голема животна вистина: Оваа лекција треба сите да ја научиме!

Стоеле два гулаби на гранката од едно дрво и гледале како разбојниците ја палат куќата на еден чесен човек. Едниот гулаб веднаш одлетал до реката, собрал малку вода во својот клун, па долетал до куќата да ја истури водата врз оганот. Продолжил да го прави тоа уште многу пати, но поради тоа што водата не била доволна, немало никаков ефект врз пожарот. 

Другиот гулаб само стоел мирно и гледал, а кога му здодеало долетал до својот пријател.

Зошто го правиш тоа кога нема смисла? Во твојот клун може да собере една капка вода. Никогаш нема да го изгаснеш пожарот. – му рекол на првиот гулаб.

Можеби не можам да го изгаснам пожарот сам, но сакам да се знае на чија страна сум бил – одговорил гулабот и одлетал повторно до реката.

Прегледи:
517
Објавено на:
02.11.2021