Најзначајното нешто за филозофот Карл Јунг беше дека тој бил интензивен мислител. Пред да напише нешто за човечкото искуство, тој ги истражувал сите карактеристики на себе. Цитатите подолу ни даваат јасна идеја дека тој верува во духовноста на човечкото битие и духовниот однос со себе. Тоа му помага на човекот да се запознае подобро и да добие појасна претстава за тоа кој навистина е.
„Вашата визија ќе стане јасне само тогаш кога ќе погледнете во сопственото срце. Кој гледа надвор, сонува, кој гледа внатре, се буди.“
„Јас не сум она што ми се случило, туку она што сум избрал да бидам.“
„Ти си она што го правиш, не она што ветуваш дека ќе направиш.“
„Да ја запознаеш својата темна страна е најдобриот метод во соочувањето со темнината во другите луѓе.“
„Луѓето ќе направат сѐ, без разлика колку и да е апсурдно, само да го избегнат соочувањето со својата душа.“
„Сѐ додека не го претвориш потсвесното во свесно, ќе влијае врз твојот живот и ќе го нарекуваш судбина.“
„Секоја форма на зависност е лоша, без разлика дали станува збор за наркотици, алкохол, морфиум или идеализам.“
„Животната привилегија е да бидеш она што навистина си.“
„Чевелот кој е точен за едниот, премал е за другиот. Нема рецепт за живеењето кој им одговара на сите.“
„Онаму каде што владее љубовта, не постои желбата за моќ, а онаму каде што доминира моќта, љубовта попушта. Едната прави сенка врз другата.“
„Се вели дека не постои дрво кое може да допре до рајот, доколку корењата не се долу во пеколот.“
„Размислувањето е тешко, затоа голем дел од луѓето судат.“
„Не можеме да промениме ништо доколку не го прифатиме.“
„Онаму каде што владее мудроста, не постои конфликт помеѓу мислата и чувствата.“
„На крајот од денот, грешките се основа на вистината, и доколку некој не знае нешто, барем ќе дознае што не е.“
„Во целиот хаос постои космос, во целиот неред постои таен рд.“
„Не постои освестување без болка.“