Категории

Мудрости од Марк Твен: „Кога ќе тргнеш на патот кон успехот, на тој пат нема да сретнеш ниту еден пријател“

Твен ни остави бројни мудрости преку кои сакал да го искаже своето мислење за суштината на човековата природа. Денес издвојуваме 7 најинтересни!

 

1. Никогаш не се расправај со будали. Ќе те повлечат на свое ниво и ќе те победат на искуство.

2. Кога ќе тргнеш на патот кон успехот, на тој пат нема да сретнеш ниту еден пријател.

3. Ако најдеш куче на улица и го нахраниш, тоа никогаш нема да те касне. Тука е разликата помеѓу кучето и човекот.

4. Избегнувај ги оние кои сакаат да ја потценат твојата верба во себе. Тоа е одлика на малите луѓе. Големите луѓе од друга страна, ќе се обидат да те инспирираат и да те уверат дека ќе успееш.

5. Полесно е човек да го направиш будала, отколку да го убедиш дека испаднал будала.

6. Ако ти требаат пари, оди кај странец. Ако ти треба совет, оди кај пријател. Ако не ти треба ништо, оди кај роднина.

7. Бог го создал човекот кога се разочарал од мајмуните. Потоа престанал да експериментира.

Прегледи:
539
Објавено на:
30.01.2022