Категории

На 20-ти мај АКУД „Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ на 20-ти мај во „Домот на АРМ” ќе одржи целовечерен свечен концерт, кој веќе љубителите на традицијата и фолклорот секоја година го очекуваат.

Долгогодишната манифестација заслужува почит во месец мај кој изобилува со мноштво настани од културата. На концертот учевство ќе земат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и неговиот народен оркестар. На овогодинешниот настан солист ќе биде познатата пејачка Елена Петреска.

Љубители на традицијата и фолклорот ќе може да уживаат во концетот кој ќе се одржи на 20-ти мај во Домот на АРМ со почеток од 19:30 часот.

АКУД „Мирче Ацев“ одбележува 70 години од своето постоење и во текот на следниот период има предвидено голем број настапи и концерти, а веќе во летниот период е планирано и 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Прегледи:
449
Објавено на:
13.05.2019