Категории

На денешен ден е роден Леонардо Ди Каприо: Ова се некои интересни факти за него!

Леонардо Ди Каприо веќе со децении е една од главните филмски ѕвезди. Тој денес полни 47 години, а ова се некои од најинтересните факти за него.

1. Славниот актер името го добил по Леонардо Да Винчи. Имено, неговата мајка кога била бремена, била во музеј и гледала слики на италијанскиот уметник. Во тој момент осетила клоцање во стомакот кое го сфатила како знак. Инспирирана од тоа, му го дала името Леонардо.

2. Неговата прва улога не поминала славно. Имено, тој играл во остварувањето „Romper Room“, но добил отказ поради недолично однесување.

3. Ди Каприо во 1998. дониралкомпјутери и опрема за библиотеката Лос Фелиз, која е изградена на местото на неговиот дом од детството.

4. Леонардо Ди Каприо за малку ќе го глумел Александар Велики. Филмот на почетокот на 2000-тите требал да го режира Баз Лурман, а во проектот исто така требала да глуми и Никол Кидман. Меѓутоа, Олиер Стоун во 2004. го објавил филмот за Александар Велики во кој глумел Колин Фарел. На крај, филмот не е ни снимен.

5. Леонардо ја одбил улогата за командантот Ланд во филмот „Inglorious Bastards“ на Квентин Тарантино. Наместо него, таа улога ја прифатил Кристоф Волц, кој доби и Оскар за неа.

6. Додека го снимал „Blood Diamond“ во Јужна Африка, Ди Каприо запознал едно девојче од Јужна Африка во сиропиталиштето. Оттогаш, еднаш месечно и испраќа чек и редовно разговара со неа на телефон.

7. Леонардо Ди Каприо е еден од многуте познати личности кои се пријавиле за патување во вселената преку компанијата „Virgin Galactic“.

8. Во 2010. година Ди Каприо донираше 1.000.000 долари на здружението за заштита на диви животни на самитот за тигри во Русија. По повеќекратното доцнење на авионите, тој успеал да стигне на настанот, по што Владимир Путин го опишал како „вистински маж“.

9. Тој вели дека никогаш не пробал дрога. За да се подготви за улогата во „Волкот од Волстрит“, морал да разговара со стручњаци за дрога.

10. Леонардо три пати беше номиниран за најдобар актер на доделувањето на Оскарите, за филмовите „Авијатичар“, „Крвав дијамант“ и „Волкот од Волстрит“, но за ниедна од нив не освои Оскар. Конечно, во 2016. година за номинацијата во филмот „The Revenant“, победи прекинувајќи ја децениската низа порази.

11. За Ди Каприо нималку не било лесно снимањето на филмот „The Revenant“, за кој доби Оскар. Филмот е снимен во Канада, каде што актерите и екипата се соочиле со многу ниски температури. Тој снимил сцени во кои скокал во ледена река носејќи 23 килограми тежок материјал што во филмот претставувало мечкина кожа. Освен тоа, тој пател од различни вирусни инфекции, а сцената во која исплукува огромна количина слуз всушност била вистинска. Имал грип тој ден.

12. Леонардо е познат миленик на жените и најпосакуваноиот ерген меѓу актерите. Тој бил во врска со многу славни убавици како што се Жизел Бундшен, Бар Рафаели, а сега е во врска со Камила Мороне.

Прегледи:
559
Објавено на:
11.11.2021