Категории

На еден келнер му оставиле бакшиш на масата, но кога видел што има на банкнотата…

Еден келнер на масата, под шишето со кечап видел 20 долари и се израдувал на големиот бакшиш. Меѓутоа, после тоа следувало големо разочарување.

Навистина е неверојатно на што се подготвени некои верски фанатици, кои веројатно заборавиле на суштината на религијата.

Имено, лошо искуство со нив имал 17 – годишниот Американец Герет Вајман од Канзас, кој макотрпно работи како келнер за да заработи за живот.

Не треба посебно да се нагласува дека нему секој бакшиш му значи многу, бидејќи поголемиот дел од заработката го добива токму на тој начин (инаку го плаќаат три долари на час). Шефовите во Америка ги исплаќаат своите келнери со многу бедни плати, па се очекува муштериите да ги наградат со бакшиши.

03-baksis-ludilo-43

Неодамна Герет на масата во ресторанот каде што работи, под шишето кечап видел банкнота од 20 долари и се израдувал на добриот бакшиш.

Меѓутоа, неговата среќа не траела долго и набрзо била заменета со неверица, а потоа со горчливо разочарување. Имено, на лажните 20 долари само било напишано дека постои нешто повредно од парите, а тоа е – Библијата.

04-baksis-ludilo-4

Се чини дека некој во таа област им оставал такви писма на келнерите и на нив пишувало дека сигурно се незадоволни од својот живот и дека во него им е потребен Исус.

05-baksis-ludilo-4

Разочараниот Герет ги објавил фотографиите од овој „великодушен бакшиш“ на неговиот профил на Твитер, каде што добил коментари дека и други келнери ги снашла истата судбина…

Прегледи:
579
Објавено на:
15.01.2016