Доколку сакате да добиете подобра рамнотежа, сила и кондиција, кик боксот е вистинскиот избор за вас.
За разлика од другите видови на дисциплини, кик боксот го сочинуваат моќни движења. Моќта се разликува од силата. Чистата сила е она што го користи вежбачот, но за да се произведе моќ, потребна е комбинација од сила и брзина.
Тренирањето кик бокс вклучува најразлични движења кои овозможуваат активација на сите мускули на телото. Членовите на КБК Работнички Адора, чиј број од ден на ден станува сѐ поголем најдобро знаат каква трансформација прави овој спорт на телото и целиот организам. Придобивките се многубројни, а покрај одличната форма и обликувањето на мускулите, кик боксот има големо влијание врз психичката состојба на човекот.
View this post on Instagram
Еден од најважните делови од тренингот е загревањето за да се спречат можни повреди. Изборот на вежби зависи од интензитетот и јачината на тренингот. За да тренирате кик бокс особено е важно да го загреете целото тело. Потоа, тренингот може да започне.
Кик боксот е еден од најдобрите начини да останете во форма и да го обликувате своето тело. Со оглед на тоа дека станува збор за динамичен тренинг кој никогаш не е ист, ова е одлична комбинација од добра енергија, забава и одржување на форма. Исто така, кик боксот е совршен за ослободување од стресот, одржување фокус и концентрација и опуштање.
View this post on Instagram
За квалитетен и ефикасен тренинг неопходна е комбинација на вежби кои вклучуваат сила и издржливост. Вежби со кратки интервали, по неколку серии, а помеѓу нив одмор од неколку секунди.
Тренингот завршува со истегнување, кое е подеднакво важно како и загревањето. Особено е корисно за телото и целиот организам да се опушти по напорниот тренинг. На тој начин се постигнува внатрешен мир и концентрација, а вие сте подготвени за понатамошните обврски кои ве очекуваат.
View this post on Instagram
Во КБК Работнички Адора има членови од сите возрасти почнувајќи од 15 па сѐ до 40-годишна возраст. Она што е особено важно е фактот што кик боксот повеќе не се разбира како спорт соодветен за мажите, а доказ за тоа се девојките и жените кои се сѐ побројни на тренинзите. Покрај тоа, во КБК Работнички Адора постои и детска група за деца од 7 до 11 години, кои уште од најрана возраст се запознаваат со оваа вештина создавајќи здрави навики од мали нозе.
View this post on Instagram
Обликувајте го целото тело, бидете дел од интензивните и секогаш различни тренинзи и уживајте во забавата која ја носи оваа спортска дисциплина. Уверете се зошто кик боксот е идеалниот избор за вас и вашето здравје во КБК Работнички Адора!