Категории

Најбизарната петиција на која Белата куќа морала да одговори

Името „Ѕвезда на смртта“ на оние кои не го следат серијалот, веројатно не им значи премногу, но за љубителите на „Војна на ѕвездите“ ова име претставува едно од најпрепознатливите имиња на светот.

Баш оваа замисла на Дарт Вејдер е ултимативното оружје на Империјата – родната планета на принцезата Леиа Органа, Алдеран и послужила како инспирација за петицијата.

Во октомври 2013 година на страницата „US People“ на која им е овозможено на обичните луѓе да го искажат својот став или да побараат нешто, се појавила петиција која од владата во САД барала да започне со изградбата на „Ѕвезда на смртта“ најдоцна до 2016 година.

„Доколку нашите одбранбени ресурли би биле фокусирани на вселенско-супериорната платформа и оружје како што е Ѕвезда на смртта, владата би го зголемила бројот на работни полиња за изградба, инжењеринг, истражување на свемирот но и многу други со зајакнување на националната одбрана.“

За месец дена бројот на потписи префрлил над 25,000, па владата на Америка морала официјално да упати одговор на ова барања. И рака на срце, тие не разочарале:

„Администрацијата ја споделува вашата желба за нови работни полиња и силна одбрана, но „Ѕвезда на смртта“ не е на видик. Еве неколку причини зошто:

1.Проценето е дека за изградбата би биле потребни преку 850,000,000,000,000,000 долари. Ние се обидуваме да го намалиме дефицитот а не да го зголемиме.

2.Администрацијата не поддржува вивнување на планети во воздух.

3.Зошто би потрошиле толку пари кои луѓето ги плаќаат за порез на оружје кое може да разнесе само еден човек?“

Прегледи:
485
Објавено на:
21.10.2020