Категории

„Најди ја твојата ѕвезда водилка и гази по црвен тепих, затоа што само вистинските борци успеваат да газат по него“

„Животот е полн со лекции, чедо“ рече баба ми со насолзени очи. Ги зеде наочарите и ги стави на нејзиното иако остарено, се уште убаво лице.

И продолжи: „Од секоја лекција ќе учиш нешто ново, Ќе научиш дека постојат грди луѓе ами не однадвор, туку одвнатре. Од такви да се пазиш. Тие не знаат ништо освен пари. Не слушнале за мака и труд. Ќе плачеш. Знам дека ќе плачеш по тоа што ќе ти го земат. Ќе те газат и ќе направат се, само за да паднеш на дното и да не успееш. Знам дека сега не ги разбираш овие зборови, но ќе сфатиш еден ден. И ќе те боли затоа што се си ставаш присрце. Сепак, остани борец. Најди ја твојата ѕвезда водилка и гази по црвен тепих, затоа што само вистинските борци успеваат да газат по него. Насмеј се. Биди горда на себеси и бори се за тоа што е твое. А богатството не се парите ами душата. Земјата се врти. На лошите ќе им дојде крајот и тогаш борците ќе се издигнат над нив. Ќе се издигнат над тие грди и бедни суштества на дното од бунарот кои се мразат и самите себе. Се што можат да ти направат е само да ти завидуваат, затоа што никогаш нема да можат да бидат како тебе. А ти чедо, крени им рака и преку насмевка кажи им дека погледот од врвот е прекрасен и покрај тешкиот пат до него.“

 

 

Богдановска М.

Прегледи:
543
Објавено на:
29.06.2017