Категории

Најдобри мисли од Сигмунд Фројд кои ќе ви помогнат да го зајакнете карактерот

Сигмунд Фројд (6 мај 1856 – 23 септември 1939 година) е австриски невролог и е широко познат како основач на психоанализата. Тој го посвети својот живот на истражување и пишување на важни трудови за менталниот развој и за тоа како функционира нашата психичка во различни околности. Неговата работа опфаќа теми како потсвеста, религијата, соништата, психосексуалниот развој, разввојот на животот и смртта, женственоста и женска сексуалност, меланхолија и теории за развој на личноста. 

Фројд посочува некои факти што повеќето од нас навистина не сакаат да ги слушаат, но тоа не ги прави помалку реални. Она што ние всушност го знаеме и сме свесни е само врвот на ледениот брег.

Еден ден, кога ќе се навраќате наназад, годините поминати во борба ќе бидат оние најубавите за паметење.

Поголемиот дел од луѓето всушност не сакаат слобода, бидејќи слободата носи одговорност, а поголемиот дел од луѓето се плашат од одговорност.

Никогаш не сме толку немоќни против страдањето како кога сме заљубени.

Неискажаните емоции никогаш не умираат. Тие се закопуваат живи и излегуваат подоцна во многу погрди облици.

Од нашите повреди ќе произлезе силата.

Невозможно е да се избегне впечатокот дека луѓето честопати употребуваат погрешни стандардни мерки – се трудат да постигнат моќ, успех и богатство за себеси и другите за да им се восхитуваат, потценувајќи ги вистинските вредности во животот.

Бесмртноста, како и смртта, отсекогаш наидува на поддршка од религијата.

Најголемото прашање кое никогаш не е одговорено и на кое ниту јас сѐ уште немам одговор и покрај годините поминати во истражување на душата на жената е: „Што всушност сакаат жените?“

Соништата се многу поверодостојни кога изгледаат тотално луди.

Кога младоста би знаела, кога староста би можела.

Слободата на индивидуалецот не е подарок од цивилизацијата. Беше поголема кога не постоеше цивилизација.

Човекот кој бил неоспорен фаворит на својата мајка, го задржува чувството на освојувач целиот свој живот.