Категории

Најдобри пријатели решиле да изградат мало гратче за да остарат заедно!

Дали имате и вие најдобри пријатели? Дали сѐ уште сте блиски со нив? Некои пријателства се менуваат низ годините, луѓето се преселуваат на различни страни од светот и честопати ги забораваат своите пријатели од детството. 

Но, овие пријатели не се откажуваат по никоја цена од своето пријателство па дури и изградиле свој мал град. Која е целта? Да остарат заедно!

Малиот град

Овие четири парови се дружат веќе две децении. Но, тие не можеле да се гледаат многу често и направиле сѐ што е возможно за да живеат што поблиску. Поради тоа, тие ги вложиле своите пари во изградба на гратче во близина на Остин, Тексас.

Погледнете како изгледа нивниот мал град.

https://www.youtube.com/watch?v=V5SKwwMPZk8