Кога зборуваме за готвењето, годините во никој случај не претставуваат пречка за оваа страст. Најдобар пример за тоа е Клара, најстарата американска готвачка на Јутјуб, чии јадења го воодушевија целиот свет. Еве еден рецепт за вкусен ручек со компири, кромид и вршли во кој ќе уживаат и големи и мали.
Храната што баба Клара ја подготвува е едноставна, евтина и достапна, подготвена на брз и вкусен начин.
Состојки:
– 2 поголеми компири
– 1 голем кромид
– 1 пакетче виршли (2 до 4 парчиња)
Подготовка:
Компирите и кромидот исечете ги на мали коцки. Ставете го маслото во длабока тава, додадете компири, кромид, посолете и забиберете. Гответе на средна топлина и мешајте ги состојките. Ако сакате, додадете сос од домати.
Исечете ги виршлите, и кога компирите ќе се запелат, ставете ги во тавата и продолжете со мешањето и динстањето. Додадете малку вода во тавата, па гответе уште неколку минути.
Кога водата ќе испари, а компирот омекне – јадењето е готово!