Категории

Најевтиниот и највкусен ручек од само 3 состојки, по кој полуде цел свет! (РЕЦЕПТ)

Кога зборуваме за готвењето, годините во никој случај не претставуваат пречка за оваа страст. Најдобар пример за тоа е Клара, најстарата американска готвачка на Јутјуб, чии јадења го воодушевија целиот свет. Еве еден рецепт за вкусен ручек со компири, кромид и вршли во кој ќе уживаат и големи и мали.

Храната што баба Клара ја подготвува е едноставна, евтина и  достапна, подготвена на брз и вкусен начин.

Состојки:

– 2 поголеми компири

– 1 голем кромид

– 1 пакетче виршли (2 до 4 парчиња)

Подготовка:

Компирите и кромидот исечете ги на мали коцки. Ставете го маслото во длабока тава, додадете компири, кромид, посолете и забиберете. Гответе на средна топлина и мешајте ги состојките. Ако сакате, додадете сос од домати.

Исечете ги виршлите, и кога компирите ќе се запелат, ставете ги во тавата и продолжете со мешањето и динстањето. Додадете малку вода во тавата, па гответе уште неколку минути.

Кога водата ќе испари, а компирот омекне – јадењето е готово!

Прегледи:
605
Објавено на:
13.04.2018