Кога списанието “Forbes” пред неколку месеци објавил листа на најплатени манекенки на светот за оваа година, на првото место се нашла Жизел Бундшен. Највлијателниот модел во кампањите изгледа совршено, но како изгледа во природно издание откриваат нејзините фотографии од одморот во Италија.
Црниот костим за капење ѝ е омилен, па вакви и слични модели најчесто носи на одмор. Познатата Бразилка, која оваа година го прославила својот 36. роденден, веќе со години е синоним за женска убавина и витко тело.
Иако минатата година одлучила да ја напушти пистата, од модните кампањи и насловни страни не се откажала и на нив секогаш е грандиозно убава. Воопшто не се крие дека модните фотографии на познатата Бразилка минуваат на Фотошоп. Сепак, фотографиите од Италија воопшто не нè разочаруваат.
Разликата помеѓу “дотераните” и овие фотографии е очигледна, но тие не ја намалуваат убавината на мајката на две деца.