Категории

Најскапата заштитна маска на светот – Изработена е од дијаманти и вреди 250,000 долари

Луксузната компанија за дизајнирање и производство на накит претстави маска за лице вредна 250,000 долари, направена е од 3,040 дијаманти и вкупно 73,27 карати.

Дијамантите се проткаени низ мрежа заедно со бело злато, а маската тежи 156,9 грами.

Престижот и елеганцијата во доба на пандемија не се баш добро примени во медиумите, а многумина сметаат дека со тоа се испраќа потполно погрешна порака.

Но “Jacob & Co” не ја направија најскапата маска за лице туку ја направи израелска компанија за производство на накит а нејзината цена изнесува 1,5 милиони долари. Во таа маска спрема порачката на купците може да се вгради и најдобриот N99 филтер, така што покрај високата цена таа барем пружи и заштита.