„Кога ќе ви ја врачат дипломата, продолжете понатаму! – .. Во случај да не ви ја земат назад“
Денот на дипломирањето се рачуна како ден кога студентот го започнува да го живее својот втор живот. Не само што еден голем терет паѓа од неговите рамена, туку се здобива со уште еден уште поголем наречен – живот. Неколку студенти ширум светот очигледно сеуште не ја сфатиле сериозноста која им ја носи дипломирањето, па одржале говори со кои успеале да ги насмевнат сите. Еве дел од нивните урнебесни цитати..
„Дипломска – церемонија каде сите студенти облечени во сосема исти облеки им кажува дека индивидуалноста е клучот на успехот.“
„Единствените нешта кои само со седење постигнуваат успех се кокошките“
„Драги мои идни дипломци, со чест и задоволство ви откривам дека наскоро ќе влезете во една исклучително страшна и непозната фаза од вашиот живот“
„Дипломирање – ритуал во кој ти врачуваат диплома и потајно се надеваат дека си научил доволно да можеш да ја прочиташ“
„Ако некогаш се мислите што е потешко, да ограбите банка или да дипломирате, бидете сигурни дека тоа е второто!“
„Сега кога сте дипломирале, запомнете дека газдите не прифаќаат оправданија за вас дадени од вашите мајки“
„Кога ќе ви ја врачат дипломата, продолжете понатаму! – .. Во случај да не ви ја земат назад“
„Не можам да дочекам да го слушнам своето име ужасно грешно изговорено кога ќе ми ја врачат дипломата“
„Танцувајте како никој да не ве гледа, затоа што и онака не ве гледаат, сите зјапаат во телефоните“