Категории

Најубавиот спомен: Учителка побара од првоодделенци да ѝ нацртаат по нешто на фустанот, ова е резултатот

Учителка го има најубавиот спомен од прводделенците кои ги подучувала. Пред крајот на учебната година, таа добила идеја да однесе бел фустан и да побара од своите мали ученици да нацртаат по нешто на него за спомен.

Учителката Шари Кастлбери нацртала само трева по работ на фустанот, а потоа дозволила дечињата да ја покажат нивната креативност.

02

03

Резултатот е колоритен фустан со уникатна шара. „Сакам децата од секое одделение да знаат колку специјални се“ – рекла Шари и дополнила дека сака да го носи фустанот на прославата кога децата ќе завршат петто одделение.

04

05

Прегледи:
509
Објавено на:
06.07.2016