Категории

Најважните животни лекции за секоја жена од единствената Хелен Мирен

Хелен Мирен е британска актерка и ѕвезда во најдобрата смисла на зборот – онаква кој никогаш не престанува да блеска. Ние сме навикнати на теророт на младоста и пластичната убавина, а Мирен ни покажува како може да биде поинаку – со помош на работа, став и достоинство.

Таа не се плаши да го каже она што го мисли, и знае како да го каже артикуларно, и точно на целта. Ова се некои од нејзините најимпресивни цитати што можеби ќе ве инспирираат да бидете послободни и свои.

1. Сега, кога имам 70 години, она на кое би ја посоветувала мојата помлада јас е да зборувам почесто „од***и!“.

2. Јас сè уште го имам тоа „циганско“ чувство за авантура. Не мислам дека спиев во ист кревет повеќе од три или четири месеци од целиот мој живот. Јас секогаш засадувам зеленчук чии плодови не ги јадам на крајот и цвеќиња што нема да ги видам како цветаат. Отсекогаш сум се движела низ целиот свет.

3. Целата оваа работа околу облеката е луда. Можете да потрошите еден долар за јакна во мал бутик, на пр. “Secon hand shop”. И можете да потрошите илјада долари на јакна во мега-продавница. И, ако ги видите овие две јакни како одат по улицата, веројатно не би знаеле која од каде е купена.

4. Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имам деца, што ги немам, првото нешто што ќе го научам на моето девојче е зборот: „од***и!“

5. Најтешкиот период во животот се дваесеттите години. Таква штета е затоа што тогаш си најубав, и физички во најдобра состојба. Но, тоа е и периодот кога сте најнесигурни и полни со самодоверба. Кога не знаете што ќе се случи, тоа е страшно.

6. Јас сум тип на човек кој се облекува во половни бутици но отвора шише шампањ.

7. Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби одбиваат да го кажат тоа, но ако земете некоја жена, ќе се вратете 40 години наназад и ќе кажевте: „Дали е ова светот во кој би сакале да живеете?“ Таа ќе рече не.

8. Чудното е што со текот на стареење ви станува сè попријатно во сопствена кожа, дури и кога времето ви дава се помалку причина за тоа. Кога сте млади и убави, вие сте параноични и бедни. Мислам дека една од најголемите придобивки од стареењето е тоа што ќе се ослободите од некои работи.

9. Четириесеттите ми беа добри. Педесетите одлични. Шеесеттите фантастични. И седумдесеттите години се проклето феноменални.

10. Цел живот гледав 16-годишни девојчиња како продаваат убавина, па мислам дека е неверојатно што 70-годишни жени сега рекламираат производи на 60-80 години.

Прегледи:
616
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
28.01.2021