Категории

Направете посни колачи во вид на лубеници! (РЕЦЕПТ)

Во време на пости често имаме голема желба да зготвиме некој вкусен посен десерт кој ќе ги задоволи сите наши сетила за благо. Овој е токму таков- лесно се приготвува, а неодоливо е вкусен.

Потребни состојки:

  • 200 гр шеќер
  • 8 лажици вода
  • 125 гр посен маргарин
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр мелен посен кекс
  • малку чоколада
  • црвена и зелена прехрамбена боја

Начин на подготовка:

Сварете ја водата, додадете го шеќерот и маргаринот. Кога ќе се стопи маргаринот додадете ореви и кекс. Сето тоа добро измешајте го, почекајте да се олади и поделете го на два дела. Во едниот дел додадете зелена, а во другиот црвена прехрамбена боја. Од црвениот дел направете 8-10 топчиња, а од зелениот форми налик на плескавици, па на секоја плескавица ставете по едно топче, обвиткајте го топчето со зелената смеса и оставете да се исуши. Кога ќе се исушат секое топче исечете го на четири дела и ставете по неколку точки стопено чоколадо (тоа би биле семките на вашиот лубеница десерт).

Пријатен апетит!

Прегледи:
1773
Објавено на:
08.03.2019