Овој рецепт доколку го приготвите еднаш, ќе стане еден од омилените обороци на вашето семјество. Потпечен зеленчук со кашкавал е комбинација која дава неверојатно гастрономско уживање.
Состојки:
- 7-8 пиперки
- 1 поголем модар патлиџан
- 2 домати
- 300 мл доматно пире
- 5-6 чешниња лук
- 1 главица кромид
- 1 рака магдонос зачини по вкус, црн пипер, сол
За прелевање:
- 1 јајце
- 200 г рендан кашкавал
- 1 лажица павлака
Подготовка:
Исечете ги пиперките на парчиња и запржете ги. Откако ќе ги испржите, ставете ги во земјена тава или во тава за печење. Во истото масло од тавата запржете го модриот патлиџан исечкан на ленти. Откако ќе се испржи, наредете го врз пиперките. Потоа во истата тава ставете го исечканиот кромид и исечканите излупени домати. Нека се запржат и додадете го доматното пире, лукот и зачините и додадете поголема количина сецкан магдонос. Нека повари десетина мин. Кога доматниот сос е готов, турете го врз пиперките и патлиџанот и ставете го тавчето да се пече на 250 степени се додека не се добие тенка кора на површината. Потоа извадете ја тавата и додадете одозгора мешавина од рендан кашкавал, јајцето и павлаката и вратете ја повторно во рерната да се допече уште неколку минути додека не се стопи кашкавалот.
Добар апетит!