Имаме еден одличен трик за вас кој сигурно многу ќе ви се допадне. Се што ви е потребно е прозирен лак за нокти и сенки за очи кои не ги употребувате.
Можеби не е некое револуционерно откритие, но е неверојатно забавно. Доколку не сте го пробале овој трик, сега е иделно време.
Штосот е во тоа што можете да направите лак во боја која отсекогаш сте ја посакувале, со помош на сенки за очи.
Што ви е потребно:
- Сенка за очи / или повеќе сенки
- Прозирен лак за нокти
- Дрвено стапче за заноктици
1.Доколку имате нов прозирен лак за нокти, тогаш треба да го испразнете 1/6 со цел да оставите простор за пигментот.
2.Кога ќе ја одберете сенката или повеќе сенки, земете дрвено стапче и полека гребете ја сенката за очи. Целта е да дојдете до ситните честички пред да ги ставите во лакот. Ако користите повеќе сенки, пред да ги ставите добро промешајте ги. Тоа може да се направи на тацна или хартија.
3.Со помош на стапчето додадете ја сенката во шишенцето со лак. За потполна прецизност направете мал фишек од хартија и само просипајте го во шишенцето. Количината на сенката зависи од вас.
4.Добро затворете го шишенцето и протресете го.
Веќе ја имате својата уникатна нијанса на лак за нокти. Важно е само да го протресувате шишенцето пред секоја употреба.