Инструкции:
Со дршка од ножот чукнете го врвот од јајцата и со прстите почнете да го лупите јајцето се додека не направите доволно голема дупка да може да се извадат жолчката и белката. Со содржината од јајцата направете си омлет или искористете ги да зготвите некакво јадење.
Шупливите лушпи од јајца убаво измијте ги со вода. Во канче ставете земја и измешајте ја со малку вода за да стане влажна, но не мокра. Потоа со лажица секое од јајцата наполнете го со земјата.
Врз површината на земјата ставете пченица. Доколку сакате погуста тревичка ќе ставите погуст слој пченица, но не претерувајте – пченицата треба да биде распоредена на земјата.
Јајцата ставете ги на топло и светло место и ќе ги полевате со малку водичка секојдневно. Веќе по неколку дена ќе приметите како пченицата ќе изрти, а за 10тина дена веќе ќе имате убава тревичка.
Среќни Велигденски празници!!!
1 2