Категории

Наскоро се мажи најсекси жената во светот?

Се слушаат свадбени ѕвона…

Тешко е да не се забележи колку Џенифер Лопез е заљубена во својот партнер, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. Популарната пејачка и актерка и поранешниот спортист од почетокот на врската покажаа сериозни намери и дека се совршен пар, што беше потврдено од страна на бројни папарацо фотографии, како и од оние кои парот ги објави на социјалните мрежи.

Изгледа дека Џенифер сега е подготвена за ,,поголем чекор“ во нивната врска. Всушност, една од најсекси жените во светот во интервју за „Harper’s Bazaar“, чија насловна страница ја краси во април, изјави дека не ја изгубила верата во вистинската љубов. ,,Јас верувам во брак и би сакала да остарам со некој со кој би ја озаконила врската”.

Во однос на годините и фактот дека ниту еден од нив  не може да стане помлад, Џен и Алекс се одлучија да не играат игри и најмногу време да поминуваат заедно, со цел подобро да се запознаат и да станат посигурни во својата одлука за свадба. Поради големата блискост и фактот дека не може да ги видиме одвоено го добија и прекарот – J.Rod!

Да се ​​потсетиме, на популарната пејачка ова ќе и биде четврт брак! Прво беше во брак со актерот Ojanija Nou (1997-1998), потоа со танчерот Cris Judda (2001-2003), па пејачот Марк Ентони (2004-2014) со кој има близнаци Макс и Ема (9). Алекс е пак татко на две ќерки Наташа (12) и Ел (9) од бракот со CynthijаScurtis(2002-2008).

Прегледи:
528
Објавено на:
16.03.2018