Категории

Натали Портман во улога на најпознатата прва дама на САД во „Jackie“

Жаклин Кенеди, подоцна Оназис, популарно позната како Џеки, е можеби најпознатата прва дама во историјата на САД.

Позната по својата љубов кон уметноста и литературата, секогаш со беспрекорен сил, грациозна и елегантна. Таа е можеби идеалот за прва дама, а нејзе во новиот автобиографски филм ја портретира Натали Портман.

Не е ни чудно што за оваа улога е одбрана токму Натали, која има своја посебна нежност и грациозност, а од првиот трајлер за филмот гледаме дека одлично се вклопува во улогата на првата дама. Оскаровката речиси совршено го имитира држењето на рацете, носењето на класичниот црвен фустан и бисерниот накит.

Премиерата е закажана за 2ри декември оваа година, а ги опфаќа периодот кога Џеки станува вдовица на само 34 години и хронолошки настаните кои следат потоа.