Категории

Научно докажано – 5 песни кои го подобруваат расположението

Постојат песни кои дури и во најлошите денови ќе направат да се чувствуваме позитивно.

Научно е докажано дека има песни кои што го подобруваат расположението. Во филмовите, актерите се придружени со музичка позадина во сите поважни моменти. Кога тие се тажни слушаме некоја балада, кога се задоволни, се слуша жива и забавна музика, кога ќе се случи нешто страшно, свири страшна мелодија.

 

Како би изгледало кога и ние би имале музичка придружба во секое време во нормалниот живот? Тоа не е возможно, но повеќето од нас имаат музика за секое расположение, меѓу кои особено сакаме да ја имаме онаа што секогаш нè води кон подобро расположение. Оваа музика нè стимулира со позитивни емоции и ни дава чувство дека сè ќе биде добро.

 

Неврологот Jakob Joli од Универзитетот во Гронинген тврди дека е можно научно да се идентификуваат песните кои се најдобри за подобрување на расположението и, исто така, тој воспостави и  формула која ги препознава песните кои го подобруваат. Подолу се дадени некои композиции што ги тестирале научниците и сигурно во вас ќе предизвикаат само позитивни вибрации…

 

1.  Queen – Don’t Stop Me Now

2. Abba – Dancing Queen

3. The Beach Boys – Good Vibrations

4. Cyndi Lauper – Girls Just Wanna Have Fun

5. Gloria Gaynor – I Will Survive

Прегледи:
627
Објавено на:
20.08.2019