Декември е месец кога се раѓаат најмалите бебиња, па затоа се сметаат за посебни уште од самиот почеток. Иако роденденот на личностите родени во декември се поклопува со празниците, тоа значи дека сте родени во посебно и магично време.
Според статистиката, постојат неколку причини поради кои бебињата родени во декември се посебни. Еве што вели науката.
1. Тие се утрински типови и без проблем одат на спиење
Истражувањето на студенти од универзитети во Италија и Шпанија дошле до податоци дека луѓето родени во декември почесто се утрински типови од оние родени во текот на летните месеци. Некои други истражувања покажале дека децата родени во овој период и полесно се успиваат.
2. Тие се меѓу најмладите во одделението
Многу родители се грижат поради тоа што нивното дете е помеѓу најмладите во групата во градинка, но тоа подоцна има свои предности. Имено, истражувања велат дека за време на уписите за факултет помладите деца постигнуваат подобри резултати.
3. Голема е веројатноста да бидат стоматолози
„The Guardian“ пишува дека истражувањето спроведено во Велика Британија открило дека стоматолозите најчесто се личности родено токму во декември.
4. Почесто се левучари
Децата родени во декември почесто се левучари, вели истражување од виенскиот универзитет кое е спроведено меѓу 13 илјади возрасни личности, од кои 7,5 % левораки жени и 8,8% мажи кои пишуваат со лева рака. Кога ги набљудувале научници датумите на раѓање, дошле до заклучок дека повеќето мажи се родени помеѓу 1. ноември и 1. јануари.
5. Веројатно ќе живеат подолго
Според статистиката, луѓето родени во декември имаат најголема шанса да доживеат 100 години.