Категории

Научно потврдено: Во овој период од денот најлесно ќе забремените!

Новото истражување на Универзитетската болница во Цирих открило дека постои најдобро време за зачнување.

Квалитетот на спермата се менува во зависност од периодот во денот, односно ритамот – велат од болницата. Таа тврди дека рано наутро е најдобро време за „правење дете“. Попрецизно, научниците тврдат дека идеално време е околу 7. 30 часот.

Исто така, откриено е дека жешките летни месеци се најмалку плодни. До овие податоци дошле преку испитување на примероци во кои ги набљудувале бројот на сперматозоидите, нивната подвижност, облик и концентрација.

Па, доколку планирате бебе, најдобро е утрото да го започнете на љубовен и романтичен начин.