Категории

Науката вели луѓето кои употребуваат пцовки се попаметни и поискрени!

Низ годините учиме дека пцовките се неучтиви и треба да ги искорениме од својот речник. Според социјалните стереотипи луѓето кои пцујат се вбројуваат во оние необразованите и некултурни типови на луѓе.

Young woman covering her mouth on a pink background

Употребувањето на пцовки при разговор најчесто се перцепира како знак дека оној кој ги изговара има недостиг на зборови во својот речник или недостиг на интелигенција. Затоа многумина сметаат дека оние кои пцујат, го прават тоа бидејќи не знаат да се изразат правилно на друг начин.

Сепак, според една неодамнешна студија, луѓето кои пцујат се поинтелигентни од оние кои не пцујат. Се вели дека луѓето коиупотребуваат пцовки генерално подобро ги изразуваат своите мисли, а исто така тие се и поискрени. Тоа значи дека доколку пцуете, големи се шансите да сте поинтелигентни и поискрени личности.

Тоа не е се, во криминалните случаи, невините осомничени во споредба со виновните, пцујат многу повеќе и нивното сведочење е поверодостојно.

Не само што пцуењето придонесува до неколку подобри физички и ментални здрави навики, како подобрување на толеранцијата за болка и подобри вежби, исто така има позитивно влијание и врз вашиот разговор со другите луѓе.

Прегледи:
419
Објавено на:
28.05.2018