НБА му оддаде почит на Коби Брајант, на неговиот последниот All Star натпревар одигран вчеравечер, беше целосно испочитуван и испратен со многу љубов.
Коби го најави своето пензионирање на почетокот од сезоната, а ова беше неговиот 18ти и последен All Star викенд, во кој заигра со најголемите ѕвезди и најталентираните млади надежи.
На теренот беше повикан последен, со зборовите:
“18 пат како All-Star од Западот! Четири пат All-Star MVP! MVP на лигата во 2008! Два пати MVP на финалињата и петкратен шампион во NBA Лигата! од Los Angeles Lakers, Kobe Bryyyyyyyant!”
По најавувањето следуваше видео во негова чест, каде доби убави зборови од неговите соиграчи и останатите НБА ѕвезди. Човек кој направи многу за баскетот, човек кој ја смени играта, најголемиот после Мајкл Џордан, жива легенда, се само дел од зборовите кои беа упатени на негова сметка.
37 годишиот Коби, го одигра последниот натпревар на ѕвездите со насмевка на лицето, вели дека е многу среќен што повеќе од половина од животот го поминал како дел од NBA и што оваа вечер ја има шансата последен пат да заигра со сите ѕвезди, а особено со младите таленти.
Беше испратен со овации и со скандирање на неговото име.
https://www.youtube.com/watch?v=idrYGbr4xro