Категории

Не барајте изговори за оние кои заминале – Да сакале да бидат покрај вас, би останале

Се обидувате да пронајдете објаснување и изговор за нивните избори и за сето она кое се случило.
Но тие најчесто не нудат решение, туку ја маскираат вистината, создаваат илузија и не ви дозволуваат да ги прифатите нештата онакви какви што се и да ги прифатите и преболите.

Едноставната и горчлива вистина која ги објаснува вашите поранешни љубови, пријатели и сите оние кои ви го завртиле грбот. Ги нема, а имале шанса да бидат дел од вашиот живот и сето тоа можело да биде поинаку. Но сепак не можело. Не поради виша сила, туку поради разни нешта кои се случуваат кога некој не знае што сака, или ги уништува своите избори или едноставно не е заинтересиран.
Се обидувате да пронајдете објаснување и изговор за нивните избори и за сето она кое се случило.
Но тие најчесто не нудат решение, туку ја маскираат вистината, создаваат илузија и не ви дозволуваат да ги прифатите нештата онакви какви што се и да ги прифатите и преболите.

Морате да си признаете на себеси дека оние кои сакаат да бидат дел од вашиот живот, на кои им е грижа за вас, вложуваат внимание и труд и учествуваат во тој однос еднакво како и вие.
И тоа не се некои големи и пресудни нешта, тоа се ситници кои ја прават динамиката на односот и секојдневието.

Кога оние на кои им е грижа за вас сакаат да бидат покрај вас, имаат нешто да ви кажат, да ви доверат, да се пожалат, кога им е тешко или имаат некоја забелешка на вашето однесување, тие тоа ќе ви го кажат. Ќе разговараат со вас и ќе ги споделат своите чувства, ќе побараат решение заедно со вас.

Ако се во гужва и нешто им го расипува распоредот, тие ќе ви се јават и ќе ве известат и после ќе се потрудат да надокнадат, затоа што не сакаат да мислите дека сте на последно место во нивниот живот и дека други нешта им се поважни од вас. Тие прават планови со вас и не се обидуваат да се извлечат, туку се трудат да учествуваат и сакаат да поминуваат време со вас. Да го знаете тоа и сами затоа што тоа го правите и самите вие кога се грижите за некого.

Но ако сте доста несреќни со некого, тогаш веројатно вие сте сами во таа врска.
Ако вашиот однос прекинал и вие сте и понатаму несреќни, можеби ќе ви биде полесно кога ќе сфатите дека во тој однос сте биле сами и така не можело понатаму. Другиот едноставно не можел, и немал кога – а тоа се оправдувања за тоа што всушност не сакал.

Колку и да се грижите за некого и колку и да се трудите, колку и да се преиспитувате и да давате се од себе, без оглед на тоа колку сте во можност да согледувате среќни исходи, не можете тоа да го правите самите. Оние кои заминале да сакале да бидат дел од вашиот живот, би останале и би се потрудиле, исто како и вие. Вие заслужувате некој кој ќе дојде и ќе остане, кој ќе вложува подеднакво какво и вие и ќе биде покрај вас секогаш.

Прегледи:
563
Објавено на:
29.08.2020