Категории

Не брзајте да ги пронајдете сите одговори – Тие ќе дојдат сами кога ќе е вистинско време

Немој да бараш одговори од универзумот, едноставно застани и одмори. Престани да се обидуваш да прифаќаш се и да се бориш против она што не треба да биде. 

Почни да дозволуваш работите да течат сами од сееб. Остави некои работи да исчезнат, дозволи да не те мачи губењето на важноста и длабочината. Отпушти се од сето она што те издало и ослободи го својот ум и срце. Вознемирувачко е кога треба да се продолжи понатаму но сега е вистинско време за излекување. Сега е време да се започне од почеток и ѕвездите повторно да се подредат. Престани да се бориш за другите да останат во твојот живот, тоа е нивна задача.
Биди во мир и чувствувај се пријатно со сопственото друштво така што нема да се плашиш дека можеш да останеш сам. Престани да се плашиш од зборот „збогум“, не мора секогаш да зннаеш што ќе се случи следно и не мора секогаш да ги контролираш сите нешта околу тебе. Остави го текот на животот и многу нешта ќе ти станат појасни и ќе се чувствуваш ослободено.

Затоа што оној што не се плаши да загуби нешто, нема никогаш да биде победен, секогаш ќе ја има контролата на животот во своите раце. Откажи се да се бориш против својата судбина, престани да го разгледуваш своето минато. Учи како да живееш. Остави ги работите да течат и се ќе дојде на свое место во вистински миг.

 

Прегледи:
607
Објавено на:
14.03.2021